Бугариja прославува 111 години од првиот борбен лет на бугарското воено воздухопловство
Бугарија прославува 111 години од првиот борбен лет на бугарската и европската авијација, јавува БГНЕС.
На 16 октомври 1912 година, пилотот-поручник Радул Милков и набљудувачот поручник Продан Таракчиев со својот авион „Албатрос“ извршиле извидувачки лет над тврдината Одрин и успеале да фрлат рачни бомби над станицата Караагач. Оваа операција се смета за огнено крштевање на тогашната млада бугарска воена авијација. Датумот на првиот борбен лет во историјата не само на бугарската, туку и на европската авијација – 16 октомври, е прифатен како официјален празник на Военото воздухопловство на Република Бугарија.
Една од знаменитостите на Одрин, која е поврзана со историјата и на Бугарија и на Турција, е старата железничка станица. Денес таа е реставрирана и се посетува од многу туристи, меѓу кои и Бугари. Станицата е дел од историјата, токму заради првото бомбардирање во Европа извршено од бугарски пилоти.
Во предвечерието на Балканските војни /1912-1913/ Бугарија располага со воздухопловство и со обучени пилоти. Вкупниот број на авиони е 21, кој во текот на воените дејствија се зголемил на 35. За разлика од Бугарија, Отоманската империја имала само 20 авиони. Некои од нив паднале во бугарски раце при брзото бугарско напредување кон Константинопол. Тоа им се случува на два заробени авиони „Харлан“ кај Лозенград.
Првиот лет со бомбардирање го извршиле Радул Миков и Продан Таракчиев. Тие летале со германски авион Албатрос. Во авионот имало две бомби кои на импровизиран начин беа врзани во корпи закачени на страните на леталото. Времето било сончево. Пилотите се упатуваат кон станицата, бидејќи таму можат да им нанесат најсериозна штета на Турците. Бомбите ги фрлил Продан Таракчиев. По завршувањето на задачата, „Албатросот“ и двајцата херои безбедно слетуваат во Свиленград. Ова бомбардирање имало огромен психолошки ефект бидејќи Турците за прв пат виделе дека нешто ги напаѓа од воздух и тоа предизвикало голема паника во гарнизонот во Одрин.
Веста за бомбардирањето добила светски отзвук и ја прославила Бугарија во сиот модерен свет. Така, за помалку од 35 години по Ослободувањето, Бугарите станале водечка нација во регионот на Југоисточна Европа.