Бугарската претстава „За љубовта и се останато“ изведена во Битола

//

Во Битола како дел од Фестивалот на монодрама беше изведена претставата од Софија, Бугарија „За љубовта и се останато“, на авторката Јана Борисова. Режисер на претставата е Вежен Велчовски, а во истата играше актерот Иван Тодоров.

Смешното и апсурдно признание на незрелиот хедонист кој секојдневно се бори за своето право на љубов и хоророт на осаменоста. Монологот ги истражува темите како семејство, заљубување, среќа, човечки недостатоци, зависност од алкохол и најмногу- големата љубовна приказна. После години поминати во обид да разбере што е љубов и зошто секогаш бега од неа тој на крај се помирува со фактот дека можеби причината лежи во него и нешто треба да се промени. Тој доаѓа до сознание дека тој е тој што треба да се промени.

Денес на програмата беа претставите: „Едит Пјаф“ на театарот од Букурешт, Романија и „Дневникот на лудиот“ на театарот од Баку, Азербејџан.

 На свеченото затворање на фестивалот ќе биде изведена претставата „Странци“ на Драмскиот театар од Скопје, во чест на наградените.



Извор: Добрососедство



Претходна статија

Јотова: Петков да даде друг аргумент за свикување на Консултативниот совет, освен притисокот за РС Македонија

Следна статија

„Киднаперот“ и „заложникот“ ќе се сретнат во Рим

Најново од Вести