Бугарски експерт: Пожарот во автобусот избувнал во предниот дел, имало експлозија

Автобусот изгубил контрола откако пукнала предната десна гума, дошло до излевање гориво, и бидејќи функционирало греењето во автобусот, избувнал пожар.

Пожарот избувнал во предниот дел на автобусот, бидејќи задниот дел од возилото е зачуван, тврди Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување, кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата во Бугарија, каде што изгоре македонски автобус.

Пиргов вели дека возачот очигледно имал канистри полни со гориво, веројатно дизел, покрај предните седишта, што предизвикало експлозија и автобусот се запалил.

Според Пиргов, возачот најверојатно возел со несоодветна брзина, можно е да заспал и почнал да навлегува во крајната десна коловозна лента која се двои во одморалиште. Сепак, тој беше резервиран во изјавата во врска со брзината на автобусот, појаснувајќи дека тахо-картата не може да се пронајде бидејќи е изгорена.



– Автобусот удрил со предната десна гума во знак кој одлетал 35 метри напред. Површината на патот е совршена, автобусот не можело да се излизга. Нема ниту траги од сопирање, нагласи тој.

Друг експерт за бугарските медиуми изјави дека возачот поминал 350 километри од турската граница до местото на несреќата за само четири часа, правејќи една пауза во текот на ноќта, што укажува на тоа дека патувал со голема брзина.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Нешков: Треба да има нормална инфраструктура меѓу РС Македонија и Бугарија

Следна статија

Османи во Софија: Се врши идентификација на жртвите, важно е семејствата да бидат информирани на време и побрзо да заврши овој процес

Најново од Вести