Бугарско МНР: Протестна нота до македонската амбасада во Софија поради оштетен споменик во Прилепско

/

Бугарското Министерство за надворешни работи му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија, Владимир Крстевски, поради утврден случај на замена на бугарски споменик во прилепското село Клепач.

Како што информира бугарското МНР, на денешната средба директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева, го известила македонскиот в.д. амбасадор дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, Прилепско, е заменет споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови соборци кои загинале во битка со османлиската војска во 1904 година.

Констатирано е дека е заменет и оригиналниот натпис, а отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените.



„За време на разговорот, бугарската страна инсистираше на преземање на потребните дејствија од надлежните органи на Република Северна Македонија за истрага и обнова на оригиналниот споменик. Беше истакнато дека замената на историските артефакти е акт на уништување на автентичното културно наследство и обид за менување на историјата, што предизвикува сериозна загриженост, вклучително и во контекст на потребата за строго спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“, се вели во реакцијата на бугарското МНР.

Претходна статија

СДСМ: Најдобриот градоначалник му служи на народот и одлучува заедно со него, тоа е најдоброто за секоја општина

Следна статија

Македонија се уште не побарала екстрадиција на македонскиот дипломат притворен во Србија

Најново од Вести