БУШТУР ПРЕД ТРАГИЧНО ДА НАСТРАДА ВЕЧЕРАЛ СО ПЕЈАЧОТ НА БИЈЕЛО ДУГМЕ (ФОТО)

//

Македонскиот спортски свет сѐ уште не може да се помири со информацијата дека ноќеска во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби еден од најголемите кошаркари кои сме ги имале, Благоја Георгиевски-Буштур.

Речиси и да нема некој што некако е поврзан со кошарката, а кој не изрази сочувство преку порака на социјалните мрежи, а еден од нив е и пејачот на групата „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ. Тој трогателно се прости од својот пријател, со кој по играта на случајот бил на заедничка вечера вечерта пед трагичниот настан.

„Утринава, во сообраќајна несреќа во Скопје, загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Синоќа бевме на заедничка вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочуство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша Исламовиќ својот Фејсбук профил.



Поранешниот југословенски репрезентативец и македонски селектор загина во скопска Кисела Вода на 69-годишна возраст.

Извор: Спорт1



Претходна статија

УБИЛ СЕМЕЕН „НЕПРИЈАТЕЛ“ ПОРАДИ КАВГА ЗА МЕСТОТО ЗА НАПАСУВАЊЕ НА ДОБИТОКОТ

Следна статија

МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА КАЈ 23-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ

Најново од Вести