Царовска: Од 240.000 ученици, заразени 0,26 отсто, нема промена на наставата

/

Бројките на новозаразени со коронавирус во училиштата се движат од 0,01 до 0,03 дневно, а активни случаи се 0,26 проценти од вкупно 240 илјади ученици во основното и средното образование кои наставата секојдневно ја посетуваат со физичко присуство, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Министертството за здравство излезе со став дека во моментов не препорачуваат промена на моделот на настава, но дека подготвуваат скрининг на ученици, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Природно-математичкиот факултет на УКИМ.

Додаде дека МОН е дневно во комуникација со Комисијата за заразни болести и со Министетството за здравство и кога процесот ќе почне, јавноста ќе биде информирана.



Министерството за здравство на 23 септември најави методологијата за спроведување скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта со брзи антигенски тестови за КОВИД-19.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Заев за пожарот во ковид болницата во Тетово: Животот продолжува, се случуваат секојдневни активности, го чекаме извештајот за да го кажам ставот

Следна статија

Митева: Шилегов и во 2019 година бил донатор на скандалозниот проект на скопскиот извиднички одред

Најново од Вести