Цената на струјата до Нова Година нема да се менува, а потоа…

/

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Премиерот Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата е гарантирана до крајот на годината преку ЕСМ и МЕПСО, а со тоа и преку државата и додаде дека нема никакви причини за стравување.

– Верувам дека сите наши искуства и експерти кои ги имаме од МЕПСО и ЕСМ, РКЕ и сите независни експерти ќе ни се најдат за да изградиме мудри политики во интерес на граѓаните. Во периодот што претстои ќе ги искористиме сите потенцијали што ги имаме во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Веќе објавивме постапка за набавка на јаглен од странство за производство на електрична енергија што ќе се произведува по три до четири пати помала цена од берзанската која ја има во моментов. Сето тоа ќе значи стабилност, прво за домаќинствата, а потоа и за јавните институции и за приватниот сектор, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавена големата германска инвестиција – ветерниот парк „Вирови“.

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски на прашањето дали може да очекуваме и Македонија да влезе во енергетска криза и дали се очекува покачување на електричната енергија, тој рече:



-Постои проблем со цените на електричната енергија и природен гас во цела Европа. Во наредниот период што следи може да се очекува одредени држави пред се своето домашно производство ќе го користат за свои потреби, но пак ќе има трансакции на пазарот на електрична енергија и тоа ќе функционира. Во делот на природниот гас, пак, кога ќе се зголеми испораката на присодниот гас од Русија, горе доле ќе се стабилизира цената со присодниот гас а со тоа ќе се стабилизира и цената со ел енергија. Ова не е проблем само во нашата земја, туку во цела Европа и веќе и евроипската комисија и нашата влада превземаат меркисо цел да се стабилизира ситуацијата соп ел енергија и природн иот гас. Во однос на цената едно е сигурни, поскапување нема да има до крајот на годината. Колку за пример за да се види како драстично се менуваат состојбите, по најавата на Путин дека ќе ја зголеми испоракта на природен гас преку Украина, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали на 20 проценти. Во овој момент и ЕСМ заедно со Владата превземаат активности за да се обезбеди јаглен, со цел да се стабилизира цената на електричната енерија кај анс и таа помош пред се ќе се однесува на стопанството и ќе биде распределена на најправеден начин до сите потрошувачи на слободниот пазар. Премногу е рано да зборуваме што ќе биде од први јануари, бидејќи работите се менуваат како на филмска лента, во текот на декември ќе имаме поконкретни информации, рече тој.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Европска комисија: Бугарските пасоши за македонските граѓани не се проблем

Следна статија

Во тек се обуки за претседатели и заменици претседатели на избирачките одбори

Најново од Вести