|

Четири лица уапсени поради дрога во Скопје

При четири претреси полицијата на три локации нашла дрога, како и прашеста материја за која треба се утврди дали е дрога. Четири лица се уапсени.

„Во 19.45 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д. Д. (37) од Свети Николе и А. Р. (31) од Скопје затоа што кај Д. Д. била пронајдена и одземена прашеста материја. Во 21.30 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода А. Б. (28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во 00.30 часот, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С. А. (19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Слични Објави