Четричлено семејство од Тетово почина од Ковид-19

/

Четири членови на исто семејство во Тетово починаа како последица од компликации од Ковид 19. Од Ковид центарот во Тетово за Алсат-М изјавиле дека тројца од пациентите починале дома, а еден во болница, иако сите имале други придружни болести.

„Починале во домашни услови, но сите тројца со коморбидитет. Најмладата пациентка, на возраст од 36 години, имала дебелина, гинеколошки заболувања и други сериозни истовремени заболувања, а нејзините родители исто така имале сериозни болести. Родителот имал рак во терминална фаза, додека мајката кардиомиопатија. Генетскиот фактор игра многу голема улога во оваа битка“, изјавила за телевизија докторка од Тетовска болница.



Според неа, многу често пациентите се лекуваат дома примајќи инфузии додека нивната состојба крајно не се влоши, а многу често тие не ни барат лекарска помош и умираат во домашни услови.

Претходна статија

Арсовска, јас сум човек на скопјани, а не на Груевски и Заев

Следна статија

Сончево и топло со температури до 31 степен

Најново од Вести