Чудни причини зошто мажите изневеруваат

Секој маж барем еднаш во животот „чепка на страна“. Ова се чини дека е заедничка црта на сите мажи. Вашиот партнер си доаѓа дома со зборовите: „морав да работам до доцна“или пак држејќи ве за рака ги гледа облините на друга жена … дали сето ова за вас претставува неверство?

Да, мажите изневеруваат, но не сите. Жените исто така го прават тоа. И причините не се дека не им се допаѓа нивната половина. Чудно, но некои ова го прават и за да ја спасат својата врска…

Еве неколку нестандардни причини за неверство:

1. Некои мамат за да го спасат својот брак
Луѓето автоматски сугерираат дека мажот мами затоа што не е среќен во неговиот брак. Една студија од Универзитетот во Рутгерс открива дека 56% од неверниците тврдат дека нивниот брак е среќен. Тие се дури и убедени дека нема да дозволат ништо да го загрози нивниот брак.

Повеќето претставници на посилниот пол не можат да ги решат вистинските проблеми во својата врска, затоа преферираат да се „опуштат надвор“и потоа да бидат спокојни и толерантни дома.

2. Тие немаат дисциплина но ги сакаат своите жени
Мамењето нема никаква врска со љубовта. Едноставно има многу мажи кои не се „дисциплинирани“. Мора да има сериозна самодисциплина во мажот за да се спротивстави на искушенијата околу него. Особено ако некоја жена му даде сигнал.

3. Многу мажи „шеткаат на страна“ затоа што се силно сексуално активни
Голем процент од господата веруваат дека додека ги задоволуваат сопругите и ги прават среќни нема значење дали „шеткаат на страна“ или не, бидејќи тоа нивно однесување е тајна и не го загрозува нивниот брак.

4. Голема желба за секс
Кај некои мажи желбата за секс е прилично голема и нивните партнерки често се жалаат дека не можат да ги задоволат нивните потреби. Освен тоа мажот не сака да ги повреди чувствата на својата партнерка а во истото време сака да ги задоволи и своите потреби па затоа си помага со тајни вонбрачни „игри“.

5. Силна самодоверба
Понекогаш тие го прават тоа само затоа што можат и бидејќи знаат дека нивните партнерки се немоќни да направат нешто (најчесто затоа што тие се зависни од нивните сопрузи).



Слични Објави