Чудото од дете Даниел Харитонов утре настапува со Македонската филхармонија

Првиот симфониски концерт во новата година под наслов „Лауреати“ на Македонската филхармонија ќе се одржи утревечер, 18 јануари, во 20 часот, со гостување на виртуозот на пијано, младиот Даниел Харитонов.

За македонската публика, рускиот солист и „чудо од дете“ Харитонов ќе го изведе популарниот Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Франц Лист, а на програмата се и увертирата „Карневал“ од Антонин Дворжак, како и славната Симфонија бр. 2 од Јан Сибелиус.

Диригент на концертот ќе биде почитуваниот маестро Даниел Рајскин од Русија.



Харитонов е роден во рускиот град Јужно-Сахалинск, а се прослави како еден од највпечатливите таленти на 15. меѓународен натпревар „Чајковски“ во 2015 година, кога имаше смао 16 години. (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

„ИСЦЕЛИТЕЛ“ НА НАЈГОЛЕМИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО НОРВЕШКА

Следна статија

Еве како Нејмар го спречи Кавани да стане дел од историјата на ПСЖ

Најново од Разно