ЧУРЛИНОВ И ОФИЦИЈАЛНО Е НОВ ЧЛЕН НА ШТУТГАРТ

Тоа што се пишуваше изминатите неколку дена, денеска доби и официјална потврда, па македонскиот младински репрезентативец, Дарко Чурлинов, е нов член на екипата на Штутгарт.

Чурлинов денеска го имаше и првиот тренинг со новиот клуб, а останува да се финализираат уште деталите околу неговиот трансфер.

Тој претходно го носеше дресот на Келн, а исто така помина период во Магдебург и во Ханза Росток.

Чурлинов има само 20 минути во Бундеслигата, а за младинскиот тим во регионалната лига има шест гола и две асистенции во девет меча.

Извор: Спорт1

Слични Објави