Д-р Даниловски: Без корона-протоколи голем дел од нашиве доктори се снаоѓаат како „риби на суво“?

/

Епидемиологот и универзитетски професор Драган Даниловски во својата најнова колумна за порталот „Доктори“ го наметнува прашањето зошто баш ние шампиони во смрт да бидеме, кога станува збор за корона пандемијата?

-Многу причини се спомнуваат. Не биле доволно добри мерките! Народот не ги почитувал! Најлошо општо здравје сме имале! Доцна барале лекарска помош болните, контстаира тој.

Д-р Даниловски се осврна и на протоколите за лекување на ковид-болни.



-Зарем досега не стана јасно дека без протоколи голем дел од нашиве доктори се снаоѓаат како „риби на суво“? Слушам по медиуми – тврдат некои – протоколи сме имале!? А зошто тогаш ЛКМ во својот проглас вели дека национални протоколи немаме!? , прашува докторот.
Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Кај Пендаровски утре седница на Советот за безбедност

Следна статија

ДЗС тврди: Попишани 419.485 лица и 129.614 домаќинства

Најново од Вести