ДЕ ЛАУРЕНТИС: ПРЕД ДА ГО КУПИМЕ ЕЛМАС, МОРА ДА ПРОДАДЕМЕ НЕКОЈ ФУДБАЛЕР

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис зборуваше за „Кориере дело Спорт“ за летниот трансфер период на клубот.

Тој го спомена македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со што потврди дека навистина има сериозни преговори со Фенербахче.

„Ние го цениме многу Елмас, тоа не можеме да го негираме, но прво мораме да продадеме неколку фудбалери за да избегнеме пренатрупаност во тимот. Тоа никогаш не е продуктувно“, изјави првиот човек на Наполи.

Фенербахче наводнос се согласил да го продаде Елмас во таборот на италијанскиот вицепрвак за 18 милиони евра, но очигледно за реализација на трансферот ќе мораме да почекаме некое време.

Sport1.mk