Дебата за задачите на Македонија пред зачленувањето во НАТО

//

Членството на Република Македонија во НАТО е темата по која денеска на панел дебата ќе говорат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и политичкиот аналитичар Сашо Орданоски.

Прашањата на кои ќе одговараат панелистите се однесуваат и на  тоа дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи, како и на предизвиците и можностите кои се отвораат во овој процес.



Панел-дискусијата е во организација на ЦИВИЛ Медиа како дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Претходна статија

Времето денес: Облачно со слаб дожд

Следна статија

Мицкоски на средба со Претседателот на Меѓународниот Републикански Институт

Најново од Вести