ДЕМОКРАТИТЕ ВО САД ГО ПОЧНАА ИЗБОРОТ НА НИВЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ

/

Почнаа внатрепартиските избори на демократите во САД за нивен претседателски кандидат. Според „Вашингтон пост“ со најголеми шанси се четворица, а имено поранешниот потпретседател Џо Бајден, поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџиџ, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс и сенаторката од Масачузетс, Елизабет Ворен.

Подоцна во кампањата се вклучи и поранешниот градоначалник на Њу Јорк, милијардерот Мајкл Блумберг, кој до моментот потрошил повеќе пари за реклама отколку Трамп за време на неговата кампања за изборите во 2016 г.

Внатрепартиските избори кај демократите се одржуваат паралелно со импичментот против Трамп, за којшто се очекува да заврши неделава со позитивна пресуда за американскиот претседател.



Претходна статија

ДИМИТРОВСКИ ПОТПИША ЗА 12-ТИОТ КЛУБ ВО КАРИЕРАТА

Следна статија

(ВИДЕО) КИНЕЗИТЕ ОД ТЕМЕЛ ИЗГРАДИЈА НОВА БОЛНИЦА ЗА САМО 10 ДЕНА

Најново од Вести