ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ

///

Временската прогноза за денес, четврток, предвидува променливо и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер почнувајќи од пладневните часови.

Наместа се очекуваат интензивни врнежи и појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, а ваквата времеска нестабилност ќе продолжи и во петок.

Невремето се очекува во западните делови на Македонија како и на југ од државава со брнежи над 30 л/м2, па така во зоната на поголемата нестабилност се предупредува за можни локални поплави.

Граѓаните се советуваме на крајна претпазливост.

Максималните температури на воздухот ќе се движат во рамките на измеренте изминатите неколку денови, но невремето во петок ќе предизвика заладување со пад на температурите на 24 степени целзиусови.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.



ВРЕМЕН РЕЖИМ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07.2018 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период.

На државните патишта во Република Македонија за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури се забранува движење на возилата чија вкупна маса преминува 15 тони.
На магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрид-Скопје за време на викендите се забранува движење на возила над 7,5 тони.

Подетални информации за термините прочитајте подолу во Состојба на патишта.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.



Претходна статија

СО ТОКСОПЛАЗМА ДО ВРВНИ ДЕЛОВНИ УСПЕСИ

Следна статија

БРАВО ДИРЕКТОРЕ, ШВЕЃАНИТЕ ТРЕБА ДА УЧАТ ОД ВАС

Најново од Вести