| |

ДЕНЕСКА ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА ЛАЗЕ ВЕЛКОВСКИ ОД БЈБ

На денешната владина седница ќе се одлучува за предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Спасовски го поднесе предлогот за разрешување откако Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратен во Грција со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Според пишувањата, возачот на џипот ги превезувал ќерката на Велковски и нејзини другарки.



Слични Објави