Десетици македонски туристи навреме евакуирани – грчкиот остров Евија во пламен, пожарот уништува се пред себе

/

Преку македонските тур-оператори, односно туристички агенции, на грчкиот остров Евија кој е во пламен, имало 39 туристи. Во неделата, на 8-ми август, 38 од нив се евакуирани. Дел од нив се вратиле во нашата држава, поради завршување на одморот, а останатите се префрлени на безбедни места. Еден македонски државјанин се уште е на островот Евија, но на јужниот дел, каде засега нема пожари.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евиа. Според информациите, во недела, на 8-ми август, во островот се наоѓале 39 туристи од Северна Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот и се вратија во Северна Македонија. Додека едниот наш државјанин, кој останал на островот Евиа е сместен во јужниот дел на островот Евиа, во моментот безбедно место..“, истакна МНР.
Целиот напис прочитајте го овде.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Опожарен камион кај тунелот кај Демир Капија – со навремена интервенција на пожарникарите избегната поголема штета

Следна статија

Продолжуваат препукувањата власт – опозиција за мерките – за ВМРО-ДПМНЕ тие се фашистички, за СДСМ Мицкоски е „медицински пироман“

Најново од Вести