|

Дете силувано во Гевгелиско: силувачот го нападнал кога останало само во куќата, определен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело силување дете што не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 4 август, во својата куќа во Гевгелиско, извршил полово дејство врз дете родено 2011 година искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата“, извести Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело, додаваат од Обвинителството.

Предлогот е прифатен и со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Слични Објави