ДИМИТРОВ ПАТУВА ЗА ЊУЈОРК-БАРА МУДРОСТ И НЕРВИ
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска патува во Њујорк, каде што утре треба да се сретне со грчкиот колега Никос Коѕијас и медијаторот Метју Нимиц. Пред полетувањето од Скопје, Димитров се чекираше на скопскиот аеродром и напиша интересен коментар:
„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“, напиша Димитров на неговиот Фејсбук-профил. Коѕијас, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео, изјави дека Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц. Со оваа изјава и Коѕијас индиректно го отфрли името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот Метју Нимиц за името „Република Македонија (Скопје).
Извор: Емагазин