ДИВА ДЕПОНИЈА ОД ГРАДЕЖЕН ШУТ НА ПОПОВА ШАПКА

/

Градењето на нови викендички како и реновирање на старите објекти се причините се поголема да биде дивата депонија со градежен шут на Попова Шапка, јавува МИА. Остатоците од градежните материјали се оставаат на потегот од викенд-населбата во правец кон месностите Јелак и Лешница. Наместо во модерен туристичко-скијачки центар се ризикува Попова Шапка да биде место кое ќе се одбегнува, велат граѓаните и спортистите со оглед дека постојан проблем таму е и складирањето на комуналниот смет.

Надир Мурсели, еден од најпознатите тетовски алпинисти кој живее
на релација Македонија-Швајцарија образложува дека за развој на
планинските спортови и туризмот е недозволиво да се создава ваква
депонија во скијачко-рекреативен центар како што е Попова Шапка.
Според него потребно е итно планско справување со сите проблеми
за да не се дозволи уште полоши слики како оние од дивата депонија со градежен шут.
„Тетово и Попова Шапкат имаат планинари, алпинисти, скијачи,
параглајдеристи, планински велосипедисти со голема традиција и
добри резултати. Но никој не ги прашува низ за мислење околу
Попова Шапка, што е спротивно на тоа што се прави во врвните
центри кај кои одиме секоја година како Шамони, Зермат, Гринвалд и други. За успех мораш да имаш добар рецепт, а рецептот сме ние
горе наведените спортисти“, објаснува Мурсели.





Претходна статија

ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА ЕДНА ГОДИНА И ТОА ВО НАЈДОБАР СЛУЧАЈ

Следна статија

ПРИЛЕП ДЕНЕСКА БЕЗ НОВОЗАБОЛЕНИ, ВО САМОИЗОЛАЦИЈА 158 ЛИЦА

Најново од Вести