До петок стабилно и топло време, во сабота дожд и грмежи

/

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Скопје, претежно сончево и топло слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 32 степени.



До петок ќе се задржи стабилно и топло време. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Претходна статија

Починат маж пронајден во стан во Аеродром

Следна статија

572 новозаболени и 30 починати со Ковид-19

Најново од Вести