Договорот „Данекер-Белев“
Пишува: Силвиja Авдала, Израел
Во Музејот на Холокаустот – Скопје има десетици експонати, некои од нив се сосема автентични, но поставката содржи еден документ, добиен од Бугарскиот државен архив, во чија автентичност никогаш никој во Бугарија, Македонија или светот не се сомневал.
Т.н „Договорот Данекер-Белев“ за иселување на Евреите од Македонија во германските источни региони е познат само и единствено на бугарски јазик. Низ годините, десетици истражувачи (вклучувајќи ги и германските) ја бараа верзијата напишана на германски, но безуспешно.
Освен во Скопје, тој е дел од изложбата е и на Меморијалот „Ванзее“ во Берлин, а до неодамна беше дел и од изложбата за Бугарија во Музејот на Холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим. Договорот беше претставен и на сите изложби на Државниот архив посветени на спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна. Копија од толку популарниот документ беше испратен од бугарското Министерство за надворешни работи како доказ во судскиот процес „Бекерле и Фриц фон Хан“ во 1968 година, заверен во француската амбасада.
Истрагата против поранешниот германски амбасадор во Софија, Адолф Хајнц Бекерле, траела речиси девет години и истата го сомничи дека организирал депортација на Евреите од Македонија и Белото Море (вклучувајќи го и Солун). Тогаш бугарската тоталитарна држава, преку нејзиниот главен инструмент – Државна безбедност, испраќа солидарни баратели и десетици документи, од кои ниту еден не е признаен како доказ. Меѓутоа, договорот, дури и во превод, покренува толку многу прашања и претпоставки што главниот обвинител на Франкфурт на Мајна решил да го испита во Софија и во оригинал. Притоа, копијата во случајот е придружена со службена белешка дека оригиналот се чува во Јавната културна и просветна организација на Евреите во Бугарија. Неговиот 20-дневен престој во Бугарија не е доволен за да добие дозвола за пристап до документот, од друга страна, обвинителот наидува на обиди да биде врбуван од Државната безбедност. А сомнежите се повеќе од оправдани и тежнеат кон крајно криминално сиже срочено од бугарската држава:
- Договорот е цитиран од обвинител во Народниот суд, но истиот недостасува во списите во случајот.
- Текстот не бил напишан на меморандум на Комесаријатот за еврејски прашања, кој требало да го состави, а недостасуваат и сите државни атрибути – не е нумериран и нема печат. На две и пол страници текст има вкупно 26 грешки. А ако овој текст го пишувал вработен во Комесаријатот, тој не само што е полуписмен, туку и не го знаел името на одделението во кое работи – затоа што истиот се споменува само како „Комесаријатот“.
- Во т.н оригинален текст веќе има прецртано во насловот на зборовите „од новите бугарски земји Тракија и Македонија“, а не е јасно дали тоа прецртување се случило пред потпишувањето или после него. Во двата случаи, прецртаното го прави официјалниот документ неважечки. Згора на тоа, во документот има уште едно прецртување – на истиот израз подолу.
- Во периодот опфатен со договорот – 1943 година, а и до многу доцна потоа, не постоела практика германски функционер да се потпишува на документ на јазик различен од германскиот. Сите бугарско-германски договори се склучуваат само на германски јазик, а потоа се прават копии во бугарска верзија, кои не се потпишани.
- Во Германија таков документ не бил познат до судскиот процес „Бекерле“, на кој бугарските власти најавиле дека ќе го достават како доказ. За информација, ниту една земја во системот на Силите на Оската, се нема договарано конкретно за депортација на Евреите од нејзината територија.
- Во Државниот архив е пронајдена заверена копија од договорот, составена на карирана хартија, копиja која можеби била направена по сеќавање. Во истата недостасуваат пречкртаните фрази, а зборот „комесаријат“ директно е заменет со зборот „комесарот“.
Интересно е тоа што во текот на годините за автентичноста на овој крајно чуден документ никогаш не било јавно дискутирано. Ниту за време на случајот „Бекерле“, каде документот не бил признаен како доказ, ниту подоцна, кога темата за спасување на бугарските Евреи стана популарна и договорот оди по линијата на размена до десетици архиви, музеи и меморијали. Бугарија, исто така, нема традиција да ја доведува во прашање автентичноста на документ што веќе е депониран во Државниот архив. А што се однесува конкретно за овој документ – нема ни податоци кога од архивата на Организацијата на Евреите е пренесен во Државниот архив. Во 2020 година, Фондацијата „Бугарска памет“ и Независното историско друштво го направија она што Градскиот суд во Франкфурт не го направил и покрај сите напори – тие наредија вистинско графолошко испитување на договорот.
Во него се наведува дека документот е категорично неавтентичен и дека не можел да биде дел од легалната правна циркулација на документи на администрацијата Царство Бугарија. Згора на тоа, трагите на инструментот за пишување не се од тогашните пенкала, туку од хемиско пенкало кое во Бугарија стапило во употреба дури во средината на 1950-тите. Што се однесува до потписите – недвосмислено – споредбената анализа со другите документи покажала дека се лажни.