Домашни слатки

Состојки:
– 4 жолчки
– 80 гр. шеќер
– 150 гр. нишесте
– 150 гр. млеко во прав
– 20 гр. какао
– 50 гр. кикиритки (печени и лупени без сол)

Подготовка:
Измешајте ги жолчките со вилушка и додадете го шеќерот. Мешајте 1-2 минути и потоа додадете ги млекото и нишестето. Измешајте ја смесата убаво со прсти. Треба да се добие меко лепливо тесто. Поделете го на два дела. Во едниот дел ставете го какаото и мешајте убаво се додека не добиете хомогена смеса. Од тестата формирајте мали топчиња. Ставете ги во тефлонска тава. Во средината на секоја топка ставете по половина кикиритка и притиснете лесно. Печете ги слатките на 150 степени  10 минути.

На здравје!

Слични Објави