ДОПИСНИК НА МИА ОД БЕЛГРАД: ДВАЈЦА ПОТЕШКО И ДЕСЕТ ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКАТА НА ПАТОТ ЗА КОПАОНИК
Две лица се тешко повредени, а десет полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Прокупље-Блаце, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник.
Како што јави допсникот на МИА од Белград, сообраќајната несреќа се има случено кај месноста Крива Ќуприја, меѓу Блаце и Белољина. Според првичните информации, автобусот бил на туристичката агенција Камелија од Скопје.
Според досегашните информации, две лица се тешко повредени и се пренесени во болницата во Прокупље.

