|

ДОСЕГА СЕ ИЗЛЕКУВАНИ 852 ЛИЦА ОД КОВИД-19, ВО ШЕСТ ГРАДОВИ НЕМА ПОВЕЌЕ АКТИВНИ СЛУЧАИ

Досега се излекуваа 852, а починаа 82 лица. Од извршени 16.997 беа потврдени 1.506 позитивни случаи на Ковид-19. Во шест градови, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со коронавирус, пренесува Канал 5.

Вчера, Институтот за јавно здравје регистрираше четириесет и пет оздравени, еден починат и 15 нови случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на Ковид-19.

Во текот на изминатите денови се регистираат повеќе оздравени лица, отколку нови случаи на заболени со коронавирус.

Намален е и бројот на тестирања, а како што посочи директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемеди, тоа се должи на бројот на земени брисеви. Односно, како што појасни, „нема симптоми, нема епидемиолошки анкети, нема брисеви”.

– Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега четири лица починаа, а 47 се оздравени. Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по четири случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, а сите евидентирани ковид-позитивни се оздравени, наведоа од Министерството за здравство.

Слични Објави