Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

/

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

Од денеска, граѓаните ќе можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност. Тоа се однесува на лицата кои во изминатите 20 дена не успеале да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

Контактите за секоја општина ќе бидат објавени попладнево на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/.



Пописот на населението почна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Извор: temite.mk

Претходна статија

(Видео) Министерот што ги подари тенковите на Македонија во 2001 г.: РС Македонија мора да донесе голема политичка одлука ако сака отворање на патот за преговори со ЕУ од бугарска страна

Следна статија

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Најново од Вести