ДОСТА Е! – ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ НИВ
Под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз здравствените работници“ денеска во 11 часот ќе се одржи протест на здравствените работници, инициран од неодамнешните напади во неколку здравствени установи и и како потсетување на се поголемата зачестеност на ваквите напади.
Организатор е Асоцијацијата на млади лекари специјализанти, а поддршка дадоа Синдикатот на Клинички центар и други здруженија. Министерот за здравство Венко Филипче, најави учество на протестот.
Протестот ќе биде на повеќе локации: Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8ми Септември, пред Стара Градска болница, пред поликлиники и Здравствени домови, пред ординации, пунктови, во периодот кој е предвиден з апауза од 11 до 11.30 часот.
Според статистиката што ја објавија во изминативе 9 месеци се случиле дури 15 случаи на напади врз доктори.

