ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ВО РУСИЈА

Најголемиот руски сериски убиец Михаил Попков, денеска ја доби пресудата во која стои дека е осуден на доживотен затвор за убиство на вкупно 56 лица, од кои 55 жени и еден полицаец.

Овој 53-годишен поранешен полицаец ги извршил монструозните убиства во близианта на Иркутск во периодот од 1992 до 2007 година, а пет години подоцна од последното убиство бил фатен во далечниот Владивосток врз основа на ДНК доказ најден во неговиот автомобил.

Во прв момент беше обвинет за 22 убиства, меѓутоа потоа биле откриени и другите. Попков на жртвите им нудел превоз во ноќните часови, по што ги убивал со чекан и секира, а телата ги закопувал во шумите. Сите жртви биле од 15 до 40 години, а десет од нив биле силувани.

Тој пред Судот тврдеше дека ја чистел областа од градот Ангарск од неморални жени.