ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ТЕРОРИСТИТЕ КОИ ГО ИЗВРШИЈА НАПАДОТ НА АЕРОДРОМОТ САРАФОВО ВО БУГАРИЈА

Доживотна казна затвор без право на замена добија двајцата обвинети за бомбашкиот напад на аеродромот „Сарафово“ во Бургас, Бугарија.

Специјалниот кривичен суд го уважи барањето на обвинителството и ги осуди Мелијад Фарах и Хасан Ел Хаџ Хасан за тероризам.

Во моментот двајцата терористи се бараат од Интерпол со црвен билтен.



Потсетуваме дека на 12 јули 2012 г. на аеродромот во Бургас во автобус полн со израелски туристи беше извршен терористички напад од страна на бомбаш самоубиец. Во нападот животот го загубија седум луѓе, меѓу кои и еден бугарски државјанин.