Државата со 50% ќе ја субвенционира цената на „зелената“ нафта
Утре во владина процедура влегуваат измените на законот за земјоделство и рурален развој, со кои треба да се воведе таканаречената „зелена нафта“, најави ресорниот министер Љупчо Николовски. Согласно со измените, државата ќе покрива до 50 насто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец односно земјоделско стопанство, ќе добие платежна картичка за купување „зелена нафта“. Асоцијацијата на земјоделци смета дека купувањето нафта за 30, наместо за 60 денари за литар ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизелот и ќе ги намали производствените трошоци.