|

ДУИ: Криминалното здружение ВМРО-ДПМНЕ на шпицниот командант Мицкоски е антиалбанска партија

Судско потврденото криминално здружение ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски прерасна во двигател на антиалбански наратив во нашето општество и се натпреварува со Левицата на Апасиев во расистички напади.
Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, Билјана Бошковска, Елизабета Чингаровска и многу други со јавно признание пред судот признаа и потврдија дека ова ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е криминално здружение и тоа го запечати судот со пресуда, се истакнува во соопштението на ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, како што велат од таму, е единствена партија во земјата чиј целосен имот е замрзнат од судот поради признанието дека е криминално здружение.

„Во обид да го скрие овој голем срам, скандалозно унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошкиот партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев и политички хидробизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти-НАТО и анти-ЕУ елементи во нашето општество, крои антиалбански наратив за да заличи на Левицата на Апасиев и да придобие од неговата популарност кај екстремистичките кругови.

Градоначалниците на ова ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски тврдат дека имаат насока од страна на Mицкоски, ака шпицен командант, да не издаваат потврди за легализација на домови на Албанци во нивните општини во согласност со законот и под никакви услови да не ангажираат компании на Албанци во нивните општини, како и да не издаваат дозволи за градби поради расистички демографски политики“, се додава во напишаното.

ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, според ДУИ, е синоним на корупција, блокада и заложништво, а тоа го потврди и судот, признанијата и Данела Арсовска, но и целосната меѓународна изолираност на ова ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, најголема корупција е да ги држиш својата држава и својот народ во изолација и во постојани меѓуетнички тензии.

„Дополнително, и шпицниот командант Мицкоски како и Апасиев во нивните сограѓани Албанци гледаат само како на подредени граѓани, како граѓани од втор ред, Албанци што не смее да бидат на високи државни позиции и оние што се на тие позиции веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.

Единствената слика што ја поседува и ја објави шпицниот командант со „калашников“ во рацете, иако опкружен со жени и семејства на испраќањето на таа фотографија, е порака кон Албанците.

Ова не поминува, не го поддржуваат граѓаните, но ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ и не може да го скријат со секојдневни банални клевети, лаги, измислици, конструкции за да ја дефокусираат јавноста од нивните одлики на антиалбанска, изолациска, осамена и коруптивна партија“, велат од ДУИ.

Ги повикуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцираат од таквите расистички и изолациски анти-НАТО и анти-ЕУ политики на шпицниот командант и да ја одвратат партијата од таквите погубни политики.

Слични Објави