ДУИ не отстапува од Брвеница – АА-ААА: Двајца кандидати на ДУИ ги „ситни“ гласовите

/

Државната изборна комисија ги потврди кандидатите за локалните избори, а ако некој од нив сака да се предомисли и одлучи да се повлече, тече последниот рок за тоа. Алијанса за Албанците побара ДУИ да го повлече својот кандидат во Брвеница, бидејќи како што велат од партијата на Села, постои ризик оваа општина во следниот мандат да не биде раководена од Албанец. Но, така не мислат од ДУИ.

„Најголемиот дел од времето Брвеница беше раководена од ДУИ, дури и актуелниот градоначалник беше кандидат на ДУИ. Така што ДУИ во Брвеница е фаворит и се очекува да победи. Затоа, ако некој сака да помогне во овој процес, односно да не дојде до некој друг резултат, треба да се повлече и да го поддржи кандидатот на ДУИ“, истакна Бујар Османи.

Од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, велат дека ДУИ кандидирала двајца кандидати, додавајќи дека бројките ги демантираат зборовите на Османи, бидејќи како што уверуваат, на последните два изборни циклуса, Алијанса ја понела победата.

„Бујар Османи и ДУИ говорат невистини кога станува збор за Брвеница. Ако велат дека актуелниот градоначалник е на ДУИ, тогаш признаваат дека имаат кандидирано двајца кандидати и го разединува гласот. Бројките го демантираат Османи и ДУИ, бидејќи на последните два изборни циклуса Алијанса за Албанците победи во Брвеница. Ние како коалиција се повлековме од Кичево и Чашка, а ДУИ оди со двајца кандидати во Брвеница“, велат од Алијанса за Албанците/Алтернатива.



Инаку, Брвеница независна кандидатура поднесе и актуелниот градоначалник Енвер Пајазити. ДУИ ќе истрча со Аркин Јахији, а Арѓенд Гура е кандидатот на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива. СДСМ ќе настапи со Мирко Стојановски, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за мандат на Јовица Илиевски.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Николовски и Ацевски: Соработката со ДЗР е значајна во борбата против корупцијата и криминалот

Следна статија

Без струја повеќе скопски општини

Најново од Вести