ДУКА: ИМ БЛАГОДАРАМ НА ДОКТОРИТЕ КОИ ДОЈДОА ОД ДРУГИ ГРАДОВИ ЗА ПОЖРТВУВАНОСТА И ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ

//

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на денешната прес-конференција искажа голема благодарност до групата лекари специјалисти кои Министерството за здратвство ги упати во Дебар.

-Извршена е ротација на групата лекари кои беа во Дебар, а пристигнаа четворица други. Голема благодарност до лекарите кои во оваа тешка состојба беа рамо до рамо со лекарите во Општата болница во Дебар, на кои од се срце им благодариме за нивната пожртвуваност и придонес во заштита на здравјето на нашите граѓани, рече Дука.

Тој информраше и околу безбедносната состојба во измнатите 24 часа, која ја оцени како мирна.

-Не е забележано непочитување на полицискиот час, додека 126 лица кои се во домашна изолација редовно се контролираат од полиција,со цел да не излегуваат и да се движат низ градот. Бројот на оние кои се во домашна изолација е помал споредено со вчера, а од денес тој број се очекува да биде помал за четиресеттина бидејќи им изминува периодот на задолжителна домашна изолација, додаде Дука.



Според него се очекуваат резултати од тестраните 22 сомнителни лица.

-Максимално сме ангажирани и се очекува во текот на денешнот или утрешниот ден да се надмине проблемот на дебарските транпортери со што ќе може да вршат транспорт на стока. Откупот на јагнињата почна вчера и тоа се одвива непречено. Останува да го решиме проблемот со дебрани кои работат во други градови во Македонија а живеат во Дебар, а кои со прогласувањето на кризната состојба не се на нивните работни места, рече Дука.

Упати апел за строго почитување на мерките и препораките со напомена дека состојбата со корона епидемијата не е надмината.

Претходна статија

ГЕНТЕРМ- ПРИЛЕП ОД ПОНЕДЕЛНИК ГИ ЗАТВОРА ПОГОНИТЕ: ПОТВРДЕН ЕДЕН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Следна статија

ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНА ВО БРИТАНИЈА ОД КОРОНАВИРУС , НАЈМЛАДА ЖРТВА ВО ЕВРОПА

Најново од Вести