Две лица се приведени во градскиот парк во Скопје, откако при полициска контрола кај нив е пронајдена марихуана. Дополнително, во домот кај едниот од нив, единицата за недозволена трговија пронашла и поголема количина марихуана и дигитална вага.
Како што се наведува во полицискиот билтен:
На 01.10.2019 во 13.00 часот полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје, во Градскиот парк ги лишиле од слобода Х.П.(21) и Ф.К.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. После тоа, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Х.П.(21) во населба Радишани, при што била пронајдена и одземена марихуана, семки од марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.