ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ, БУРАТА „ДЕНИС“ НОСИ ВЕТРИШТА СО БРЗИНА ОД 140 КМ

//

Најмалку две лица загинале во Велика Британија, а десетици илјади се соочиле со хаосот предизвикан од бурата „Денис“.

Поради силното невреме се откажани стотици летови.

Момче на возраст од 18 години се удавило во морето во близина на Кент, второто лица загинало откако паднало од брод со резервоари за гориво во близина на пристаништето Маргејт, пренесе „Дејли Маил“.

Околу 50 000 патници чекаат на аеродромите откако компанијата Изи џет откажала 234 лета.



Издадени се осум предупредувања поради лошото време. Според стручњаците ветерот кој го носи бурата „Денис“ кој дува и со брзина од 140 километри на час е опасен по животот на луѓето.

Претходна статија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И СЗО НА 27 ФЕВРУАРИ ГО ОРГАНИЗИРААТ ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

Следна статија

3 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ВЕРИЖНАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ СТРУМИЦА

Најново од Вести