| |

Две бугарски фолклорни групи од Австрија ќе ја претставуваат Бугарија на Меѓународниот фолклорен фестивал во Хрватска

Фолклорната група „Пендари“ и пејачката група „Леле Мале“ ќе ја претставуваат Бугарија на Меѓународниот фолклорен фестивал во Ровин, Хрватска, јавува блогот на Бугарите во Австрија Melange Bulgaren. Фестивалот, кој се одржува на брегот на Јадранското Море, годинава се реализира по шести пат, во периодот од 25 до 28 септември.

За пејачката група „Леле Мале“ од Виена, ова е прво учество на вакво значајно културно случување, а членовите изразија големо возбудување што ќе го изведуваат бугарскиот песнопојен фолклор пред меѓународната публика.

Фолклорната група „Пендари“, која функционира во рамките на здружението „Извор“ во Виена, ќе настапи по шести пат во Ровин. „Една од најубавите страни на овие собири се средбите меѓу учесниците, размената на искуства и идеи, заедничките вечери исполнети со танци и песни,“ пренесуваат од Melange Bulgaren.

Слични Објави