|

Две дози вакцина во Македонија примиле над 410.000 граѓани

Прва доза вакцина против коронавирус вчера примиле 3.993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.179 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 944.731 дози вакцини, а ревакцинирани се 416.614 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 528.117 граѓани.

Со последните бројки 65% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Слични Објави