|

Џафери: Изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Северна Македонија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска упати честитка по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија.

Во упатената честитка до сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, Џафери им го честита празникот со кој, како што нагласи во обраќањето по овој повод, и институционално, и како граѓани на Република Северна Македонија, изразуваме почит кон културата, идентитетот и посебноста на турската заедница, која е неделив дел од општественото ткиво на Република Северна Македонија.

Тој лично и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, го поздрави високопочитуваниот Претседател на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп и членовите на Делегацијата, и им посакам добредојде во Република Северна Македонија.

Според претседателот на Собранието Џафери, тоа што денеска заедно го одбележуваме 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија е знак дека билатералните односи меѓу нашите две земји се негуваат долго и искрено, во духот на меѓусебна почит, разбирање, партнерство и активна соработка во бројни полиња од заемен интерес.
Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: zoom.mk

Слични Објави