ЏАФЕРИ НАЈАВИ ЦЕЛОСНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ И ВЛЕЗ ВО НАТО НАЈДОЦНА ДО ДЕКЕМВРИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека е убеден оти договорот за спорот со името најдоцна до крајот на годинава ќе биде имплементиран од двете страни во целост и дека Македонија во декември оваа година или на почетокот на јануари следната ќе стане триесетта полноправна членка на НАТО, јавува Радио Слободна Европа.

Спикерот на македонското Собрание смета дека одлуката на Советот за општи работи на ЕУ треба да биде прифатена како мотивација плус, за да се направи се што е потребно за влез во Унијата.

„Не треба да влијае фактот дека се одложува почетокот, бидејќи датумот се определува, а тоа е јуни следната година. Тоа треба да биде мотивирачки за сите нас, да ги направиме сите подготовки за во најкраток рок да ги затвориме поглавјата“, рече Џафери на 98-от „Рос Рот семинар„ во Скопје, на тема Евроатланската интеграција на Западен Балкан: Зајакнување на Европскиот мировен процес.

Слични Објави