| |

Џафери – Столтенберг: Да се финализира „незавршената работа“ од Букурешкиот самит

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Јенс Столтенебрг, генерален секретар на НАТО, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата присуствуваа и Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ; Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ; Фросина Ташевска-Ременски, претседателка на Комисијата за одбрана и безбедност и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Македонија.

Џафери, на почетокот на средбата изразил голема благодарност за поддршката дадена од генералниот секретар на НАТО за изборот на новата Влада и новото парламентарно мнозинство, како и во однос на реформските процеси во општеството и на планот на забрзаната интеграција на државата во НАТО. Тој изрази убеденост дека само со конструктивен дијалог со соседите во однос на спорните прашања и со активен ангажман на институциите и на сите политички субјекти на исполнувањето на Планот 3-6-9, ќе се финализира „незавршената работа“ од Букурешкиот самит на НАТО во 2008 година.

Истовремено, Џафери го запознал Столтенберг со агендата на Собранието на планот на подобрување на законската регулатива во безбедносниот сектор, со што ќе се обезбедува квалитетен и демократски парламентарен надзор.  (Прочитајте го целиот напис овде)



Слични Објави