ЕДЕН ЗАГИНАТ И ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП

//

Основното јавно обвинителство Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде што утрово се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загинало, а петмина се повредени.

Според првичните сознанија, несреќата се случила при судир на автомобил „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „ленд ровер“ со велешки регистарски ознаки.

Во несреќата животот го загубил еден од патниците во голфот, додека еден е потешко и еден полесно повреден. Со полесни повреди се здобиле и тројцата патници во џипот.

Од обвинителството информираат дека сообраќајот на патниот правец е запрен до целосно завршување на увидот.



По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили.

Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал и наредба за техничко вештачење на возилата.

Претходна статија

АСМЛ СО ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ: КОЛЕГИ ДЕЖУРАТ БЕЗ ПАРИ, РАБОТАТ ВО ЈАВНО ЗДРАВСТВО, А НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Следна статија

ЗАВРШУВА ОДМОРОТ НА РУСКОВСКА, ОД ЧЕТВРТОК Е НА РАБОТА

Најново од Вести