ЕДНА ЖРТВА ПРИ ПУКАЊЕ НА МАТУРСКА ПРОСЛАВА ВО ФИЛАДЕЛФИЈА
Едно лице загина, а најмалку осуммина се ранети при пукање на матурска вечер во Филаделфија, соопштија властите.
Засега никој не е уапсен за нападот.
Во соопштението се вели дека единствената жртва е возрасна личност, а ранети се четворица тинејџери и исто толку возрасни.
Пукањето е едно од многуте смртоносни напади кои овој викенд ги имаше низ целата Филаделфија, а во кои има и повеќе ранети.
Властите не го соопштија мотивот за нападот.
Извор: Макфакс