|

Еј вие кучко-грижници, вам ви се обраќам!

Почитувани г-ѓи, г-ци, г-да… Да да , вие со шапките и кучките во раце… Да вие недопирливо „силни” животно- грижници позади екраните… Истите вие на кои поважен ви е кучешкиот живот отколку тој на луѓето. Вам ви се обраќам… Се сеќавате ли на касапот пред неколку години што направи кога неговото дете беше осакатено од „мирното кученце” скитник? Се сеќавате ли на коментарите како тој бил „психопат”, „болен во главата”, „непресметлив”… Се сеќавате ли на коментарите „Море ко нема да ти цркнело детето убиецу на кутриња“, „Да даде Бог семејството да ти го искасапат” … Не сакам да си ги спомнувам другите „кучко-грижнички” коментари бидејќи тоа ги поминува и сите мои можни прифатливи граници на злоботија.

Е сега денеска една друга ситуација. Мајка си зема дете од болница и кај Рамстор глутница „на прекрасни кученца” почнуваат да трчаат кон неа и детето , не за друго де, да ја испоштоваат со кучешка „песничка“. Жената зела камен да си го одбрани детето а и самата себе, и среќа во несреќа застанале млади луѓе со кола ( непознати) па ја качиле со детето за да ја спасат од ситуацијата во која што се нашла. Жената после цела оваа случка во една женска група пишува пост ( не за да се жали) како ги бара младите луѓе за да им се заблагодари… Е тука почнува циркузот или како сакате шпанско- турската серија на нашите погоре спомнати кучко-грижници.

„Како ти текнало да земеш камен, што не си се сетила да им дадеш храна?!”

„Кучињата сами не напаѓаат, сигурно сте ги предизвикале вие самите”

„Учете ги вашите деца на љубов кон кучињата а не со страв и презир кон нив”

Читам и не можам да поверувам! Се мислам кој збор да го одберам за точно да ве опишам. Мрднати ли сте бе вие? Имате ли грам мозок во тоа тиквите што ги носите на рамената?! Што требала жената да направи?! Се бранела со камен! И?! Што е спорно во тоа да си го одбраниш детето?! Имате ли вие деца, внуци, братчиња, сестричиња?

Што ќе направевте вие да бевте на местото на мајката, багро уфилмана?!

Како не се срамите да ја напаѓате жената па дури и касапот од пред некоја година?! Бил психопат?! А детево што беше осакатено? А стравот што го претрпи? Кој да одговара за тоа?! Имате ли малку милост ако не кон родителите барем кон малите дечиња?! Истото беше и за ротвајлерот пред некој месец. И тогаш беа криви нападнатите деца. Да одговараат тие што се нападнати. Да одговараат тие што се осакатени. Па уште и кучешкиот живот бил на исто место со човечкиот! Ало и јас сакам кучиња ама не се пред моите најмили! Вие кучко- грижници што не направите нешто за да ги тргнете „милите кученца” од улица?! Аааа тоа им е природната средина, да да , ние „лошотиите треба да поминуваме од друг пат за да не ги вознемириме!

А вие пак од „Дунди” организацијата што бе вие всушност работите?! Како бе вие се грижите за животните?! Аууу заборавив, ќе излезете на телевизија и ќе барате најстрога казна за мајката/таткото што фрлиле камен по „кученцата”.

Не вие нема да побарате начин како тие кучишта да ги тргнете од центарот пошто полесно е да ги исплукате луѓето кои ете од чиста мира „ги вознемириле” вашите животинчиња!

Срам да ви е!

И за крај не дај Боже еден ден да бидам нападната со мое дете , нема да се бранам САМО со камења… Па вие слободно тужете драги г-ци, г-ѓи и господа куче-грижници!

Aвтор: Елизабета Најдоска Величкова

Слични Објави