ЕК ги тужи Полска, Чешка и Унгарија затоа што не примаат мигранти
Европската комисија ги тужи Полска, Чешка и Унгарија затоа што не ја почитувале одлуката за прераспределба на бегалци во рамки на Европската Унија според националните квоти. Тужбата е поднесена и затоа што овие земји целосно престанале да примаат бегалци, соопшти денеска Судот за правда во Луксембург. „Денеска почнува постапката што ја иницираше ЕК. Тужените земји имаат право да реагираат на овој потег на Комисијата. Првото рочиште може да се очекува на крајот на оваа година, во ноември или декември“, рекол портпаролот на Судот, Балаж Лехоцки и додал дека процесот може да трае 18 месеци… (Прочитајте го целиот напис овде)