| |

ЕКИПИТЕ ОД ОПШТИНА КАРПОШ НА ТЕРЕН – СЕ ОЧЕКУВА ПОСИЛЕН ВЕТЕР И СНЕГ ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ

Комуналните служби на Општина Карпош утринава продолжиле со активности за расчистување на јавните површини од вчерашното невреме во Скопје.

Како резултат на силниот ветер, се отстрануваа скршени гранки и паднати дрвја во повеќе населби.

Според соопштението од Општина капрош на терен работат сите хигиеничари, како и расположливата механизација.

Општина Карпош контактираше и со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) при што, и во попладневните часови денеска се очекува посилен ветер проследен со врнежи од снег.

Упатуваме апел до сите граѓани, да не ги паркираат своите возила под големи крошни од дрвја, како и да избегнуваат присуство на отворено.

Екипите на Општина Карпош се подготвени за делување, со цел спречување на штети од временските неприлики.

Слични Објави