ЕРДОГАН: АКО ХАФТАР НЕ ГО ПРЕКИНЕ ОГНОТ ВО ЛИБИЈА, ЌЕ МУ ОДРЖИМЕ ЛЕКЦИЈА

Турција нема да се двоуми да му „предаде лекција“ на командантот Калифа Хафтар доколку неговите сили ја продолжат својата офанзива против меѓународно признаената влада во Триполи. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , откако вчера стана јасно дека завојуваните сили во Либија нема да достигнат договот за прекин на огнот.

Вчера во Москва се одржа состанок помеѓу премиерот Фајсел ал Сараџ и Хафтар, на којшто требаше да биде потпишан нов мировен договор. Сепак, командантот не се согласи со предложените услови и ја напушти руската престолнина без да го потпише текстот.

Според Ердоган, Хафтар „избегал“ од Москва.

„Ако нападите на марионетата Хафтар против народот и легитимната влада на Либија продолжат, ние без двоумење ќе му ја одржиме лекцијата што ја заслужува“, рече Ердоган во говорот пред турските парламентарци.