Ердоган ќе стане првиот турски претседател кој ќе го посети Ватикан

//

Кабинетот на турскиот претседател објави дека по покана на Папата, Ердоган ќе отпатува во дводневна посета на Ватикан на 4 февруари. Шефот на турската држава ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Паролин.

Главните теми на состанокот меѓу Ердоган и папата Франциск ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, кризата во регионот, ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот, борбата против тероризмот и други прашања.

Турската државна телевизија ТРТ потсетува дека Ердоган е првиот турски претседател кој ќе го посети Ватикан.



По официјалната посета на Ватикан, Ердоган ќе се сретне со својот италијански колега, Серџо Матарела, и со италијанскиот премиер Паоло Џентолини.

Претходна статија

Еу прима шест држави, меѓу нив и Македонија

Следна статија

Хан: 2025-та е симболичен, а не прецизен датум за проширување на ЕУ

Најново од Вести