| |

ЕРДОГАН: САД ЈА ИЗГУБИ УЛОГАТА НА ПОСРЕДНИК ВО БЛИСКИОТ ИСТОК

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека САД ја изгубиле својата улога на посредник во Блискиот исток, по одлуката да ја преместат својата амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим. Ердоган го искажа овој став во говор пред Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“.

Во својот говор Ердоган го искритикува потегот на САД и подвлече дека позицијата на Анкара е јасна, за да се постигне долготраен мир во регионот, треба да се создаде независна Палестинска држава во границите од 1967 г. со главен град Источен Ерусалим.

Ердоган изјави дека Турција не ја прифаќа одлуката на Вашингтон, бидејќи истата не е во согласност со голем број резолуции на ОН.

„Со својот последен потег САД станаа дел од проблемот, а не од решението и со тоа ја загубија својата улога на посредник во Блискиот исток“, изјави турскиот претседател.

 



Слични Објави